АМЕРИКАНСКИ ЛЕКАР ПРОСТИЛ 650.000 ДОЛАРИ ДОЛГОВИ НА 200 СВОИ ПАЦИЕНТИ ОТКАКО СФАТИЛ ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА ПЛАТАТ

    АМЕРИКАНСКИ ЛЕКАР ПРОСТИЛ 650.000 ДОЛАРИ ДОЛГОВИ НА 200 СВОИ ПАЦИЕНТИ ОТКАКО СФАТИЛ ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА ПЛАТАТОмар Атик речиси 30 години водел Клиника за лекување од рак во Аркансас

    Американски онколог избришал речиси 650.000 долари долгови на 200 свои пациенти откако сфатил дека најголем дел од нив не се во можност да платат. Омар Атик ја донесол оваа одлука откако лани, по речиси 30 години работа, го затворил својот центар за лекување од рак во Аркансас.

    Тој ангажирал фирма за наплата на долгови, кога увидел дека многу фамилии се наоѓаат во тешка финансиска состојба поради пандемијата. За божиќните празници, тој им испратил писмо на своите пациенти, известувајќи ги дека сите долгови ќе им бидат простени.

    „Со тек на време, сфатив дека има многу луѓе кои едноставно не се во можност да платат. Размисливме за ова со мојата сопруга и решивме да ги простиме сите долгови. Видовме дека можеме да си го дозволиме тоа и решивме да го спроведеме“, изјави Атик.

    Атик, кој потекнува од Пакистан, ја отворил Клиниката за рак во Пајн Блаф во 1991 година. Тој сега е професор на Универзитетот за медицински науки во Литл Рок.

    „Немаше подобро време да го направиме тоа од пандемијата, која уништи домови, човечки животи и бизниси“, кажа Атик, додавајќи дека вкупниот долг од 200 негови пациенти изнесувал речиси 650.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира