Американски суд одби да ослободи затвореник кој тврдеше дека ја отслужил доживотната казна затвор со тоа што за момент умрел.
Шеесет и шестгодишниот Бенџамин Шрајбер бил осуден на доживотен затвор без право помилување во 1996 година за брутално убиство на маж. Тој изјави дека неговата казна завршила кога срцето му запрело при медицинска интервенција пред четири години, иако потоа бил оживеан. Судијата заклучи дека иако оригинален, неговиот обид не бил доволно убедлив.
„Не може да се каже дека тој починал, кога самиот ги потпишал правните документи во тој случај“, изјави судијата.
Во 2015 година, Шрајбер добил труење на крвта и откако бил оживеан од лекарите, целосно заздравил и бил вратен во затвор.
Во жалбата поднесена минатата година, Шрајбер вели дека бил оживеан без негова дозвола и дека неговата кратка смрт значи дека доживотната казна технички завршила. Судот пресудил дека таа може да заврши само ако лекар и формално го прогласи за мртов.