АМЕРИКАНЦИТЕ СЕГА ТРОШАТ ПОВЕЌЕ НА МАРИХУАНА ОТКОЛКУ НА ЧОКОЛАДО

    АМЕРИКАНЦИТЕ СЕГА ТРОШАТ ПОВЕЌЕ НА МАРИХУАНА ОТКОЛКУ НА ЧОКОЛАДОАмериканците лани легално купиле марихуана во вредност од 30 милијарди долари (Фото: Гети)

    Американците сега трошат повеќе пари на марихуана отколку на чоколадо, покажуваат најновите податоци.

    Минатата година, Американците легално купиле марихуана во вредност од 30 милијарди долари, додека во исто време потрошиле 20 милијарди долари на чоколадо и осум милијарди на крафт пива.

    Повеќе од 20 американски сојузни држави целосно ја имаат легализирано марихуаната, а во уште 19 таа може да се користи за медицински цели.

    Легалната продажба на марихуаната и натаму доста заостанува зад тутунските производи, на кои лани биле потрошени 53 милијарди долари. Сепак, продажбите на цигари се во постепен пад, додека продажбите на марихуаната растат и се очекува до 2028 година да изнесуваат 57 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира