Астероид со големина на камион денеска ќе помине покрај Земјата, што ќе биде една од најблиските средби досега забележани. НАСА инсистира дека нема никакви шанси астероидот да ја погоди Земјата.
Новооткриениот астероид ќе помине 3.600 километри над јужниот врв на Јужна Америка, што е десет пати поблиску од бројните телекомуникациски сателити кои ни кружат над главите.
„Системот за проценка на опасноста од удари веднаш ја отфрли можноста за судир, но ова ќе биде едно од најблиските доближувања на небесен предмет до Земјата што досега биле забележани“, изјави Давиде Фарнокија од Лабораторијата за млазен погон во Пасадена, Калифорнија.
Астероидот наречен 2023 БУ беше откриен во саботата од аматерски астроном од Крим. Се верува дека е широк меѓу 3,5 и 8,5 метри. Патеката на неговото движење ќе биде драстично изменета од гравитацијата на Земјата.