Астрономите објавија дека првпат откриле вода во атмосферата на планета која кружи во рамките на населива зона на далечна ѕвезда. Наречен К2-18б, откритието го прави овој свет поволен кандидат за барање на вонземски живот.
Во наредните 10 години, новите вселенски телескопи ќе можат да утврдат дали неговата атмосфера содржи гасови кои би можеле да бидат произведени од живи организми.
Главната научничка во проектот Џована Тинети од Универзитетскиот колеџ во Лондон го опиша откритието како неверојатно.
„Ова е првпат да откриеме вода на планета која се наоѓа во населива зона околу ѕвезда кадешто температурата е потенцијално компатибилна со постоењето на живот“, изјави Тинети.
Населива зона е регионот околу ѕвезда кадешто температурите се доволно благи за да може водата да биде во течна состојба на површината на планета.
Откриена во 2015, К2-18б е оддалечена 111 светлосни години од Земјата, што е предалеку за да се прати летало, па единствената опција ова да се испита е новата генерација вселенски телескопи, кои ќе бидат лансирани во наредната деценија.
Оваа планета е двапати поголема од Земјата и има температура меѓу нула и 40 Целзиусови степени.