АСТРОНОМИТЕ ОТКРИЈА ВОДА НА ПЛАНЕТА ОДДАЛЕЧЕНА 111 СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ОД ЗЕМЈАТА

    АСТРОНОМИТЕ ОТКРИЈА ВОДА НА ПЛАНЕТА ОДДАЛЕЧЕНА 111 СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ОД ЗЕМЈАТАСе проценува дека 50% од атмосферата на К2-18б се состои од вода

    Астрономите објавија дека првпат откриле вода во атмосферата на планета која кружи во рамките на населива зона на далечна ѕвезда. Наречен К2-18б, откритието го прави овој свет поволен кандидат за барање на вонземски живот.

    Во наредните 10 години, новите вселенски телескопи ќе можат да утврдат дали неговата атмосфера содржи гасови кои би можеле да бидат произведени од живи организми.

    Главната научничка во проектот Џована Тинети од Универзитетскиот колеџ во Лондон го опиша откритието како неверојатно.

    „Ова е првпат да откриеме вода на планета која се наоѓа во населива зона околу ѕвезда кадешто температурата е потенцијално компатибилна со постоењето на живот“, изјави Тинети.

    Населива зона е регионот околу ѕвезда кадешто температурите се доволно благи за да може водата да биде во течна состојба на површината на планета.

    Откриена во 2015, К2-18б е оддалечена 111 светлосни години од Земјата, што е предалеку за да се прати летало, па единствената опција ова да се испита е новата генерација вселенски телескопи, кои ќе бидат лансирани во наредната деценија.

    Оваа планета е двапати поголема од Земјата и има температура меѓу нула и 40 Целзиусови степени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира