АВИОКОМПАНИЈАТА „ИЗИЏЕТ“ ПОЧНА КАМПАЊА ЗА АНГАЖИРАЊЕ СТЈУАРДИ И СТЈУАРДЕСИ ПОСТАРИ ОД 50 ГОДИНИ

    АВИОКОМПАНИЈАТА „ИЗИЏЕТ“ ПОЧНА КАМПАЊА ЗА АНГАЖИРАЊЕ СТЈУАРДИ И СТЈУАРДЕСИ ПОСТАРИ ОД 50 ГОДИНИ„Изиџет“ спровел истражување кое покажало дека половина од постарите од 50 години размислувале за нова кариера (Фото: Гети)

    Aвиокомпанијата „Изиџет“ започна акција за вработување наменета за луѓе постари од 50 години, при што нуди пробни сесии во својот тренинг-центар на лондонскиот аеродром „Гетвик“.

    Изиџет“ соопшти дека спровеле истражување кое покажало дека половина од постарите од 50 години размислувале за нова кариера.

    Мајкл Браун, директорот за кабински услуги во авиокомпанијата, рече дека како кабински екипаж може да работи секој, без разлика на возраста.

    Кабински екипаж може да биде работа за секого кој поседува вештини, па затоа е важно преку ваквите иницијативи да се справиме со погрешните сфаќања за работата и да ги прошириме хоризонтите“, рече Браун.

    Од ковид пандемијата постојано има нарушувања во работата на аеродромите предизвикани од недостиг на персонал.

    Џеки Стејси, 65-годишната стјуардеса на „Бритиш ервејс“, се надева дека оваа кампања ќе биде успешна. Таа била стјуардеса во 1980-тите и повторно почнала да работи по пандемијата.

    Мислам дека ова е добра идеја, зашто луѓето кои имаат над 50 години можат многу да дадат. Ние имаме многу животно искуство“, рече Стејси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира