АВИОН НА „БРИТИШ ЕРВЕЈЗ“ МЕСТО ВО ДИСЕЛДОРФ ПО ГРЕШКА СЛЕТАЛ ВО ЕДИНБУРГ

    АВИОН НА „БРИТИШ ЕРВЕЈЗ“ МЕСТО ВО ДИСЕЛДОРФ ПО ГРЕШКА СЛЕТАЛ ВО ЕДИНБУРГАвиокомпанијата рече дека проблемот почнал кога бил поднесен погрешен план за летање од „ВДЛ авиејшн“, компанијата што го оперирала летот за „Бритиш ервејз“.

    Авион на „Бритиш ервејз“ на лет од Лондон за Диселдорф, Германија по грешка слетал во Единбург, Шкотска. Авиокомпанијата денеска рече дека проблемот почнал кога бил поднесен погрешен план за летање од „ВДЛ авиејшн“, компанијата што го оперирала летот за „Бритиш ервејз“.

    Пилотот го следел планот за летање за Единбург, а контролата на летање го следела истиот план и не увидела никаков пропуст.

    „ВДЛ авиејшн“ вели дека се обидува да ја утврди причината за „очигледно несреќната забуна“.

    Во Единбург, авионот наполнил гориво и тргнал директно за Диселдорф.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира