АВИЦЕНА ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ТЕСТОВИТЕ ЗА КОВИД-19 НА 2.600 ДЕНАРИ

    АВИЦЕНА ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ТЕСТОВИТЕ ЗА КОВИД-19 НА 2.600 ДЕНАРИ

    Цените за тестирање на ковид-19 во приватната лабораторија „Авицена“ од Скопје се намалени, соопштија од „Авицена лабораторија“.

    Од 16 ноември  цената на молекуларен PCR-тест изнесува 2.600 денари, ретестирање кај пациенти што претходно имаат направено каков било тест за ковид-19 (PCR, брз тест или серолошки) 2.400 денари, молекуларниот тест што истовремено го детектира новиот SARS-CoV-2 вирус и вирусот на грип е достапен по цена од 3.000 денари, а намалени се и цените на пакетите за анализа на молекуларниот тест заедно со антитела во крвта.

    Има и семеен попуст -за тестирање најмалку 3 члена од исто семејство, цената за еден PCR тест е 2400 денари.

    Од „Авицена лабораторија“ соопштуваат дека имаат нов простор за прием на пациенти и за земање примероци за тест за ковид-19 кој е целосно физички одвоен од останатиот дел на лабораторијата,  а истовремено трикратно е зголемен капацитетот за изработка на тестови на дневно ниво.

    Имено, во „Авицена лабораторија“ веќе е инсталиран високософистициран и најсовремен робот-систем за целосно автоматска обработка на примероци за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во нашата држава. На овој начин се зголемува капацитетот за изработка на тестови, а се намалува времето за добивање резултат, велат од „Авицена лабораторија“.

    Закажувањето на тестирањето се прави преку телефон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира