АВСТРАЛИЕЦ ГОЛ СВИРЕШЕ ВИОЛИНА ПРИ СКОК СО ПАДОБРАН

    АВСТРАЛИЕЦ ГОЛ СВИРЕШЕ ВИОЛИНА ПРИ СКОК СО ПАДОБРАНСкокна гол за да покаже дека мажите не треба да се срамат од своето тело. - Глен Донели (Фото: Глен Донели)

    Австралискиот музичар Глен Донели го прослави 30. роденден на уникатен начин, свирајќи виолина за време на слободен пад од авион.

    Тој скокна практички гол, бидејќи на себе ја носеше само опремата за падобран, а на патот надолу, отсвири неколку песни на 40 долари вредната виолина, вклучувајќи ја и препознатливата роденденска мелодија.

    „Откако се отвори падобранот, можев слободно да свирам. Тоа беше чувство на целосна слобода. Беше прекрасно, совршено“, изјави Донели.

    И тоа што скокна гол, имаше своја порака.

    „Сакав да ја кренам свеста за мажите кои имаат комплекси и проблеми со своето тело. Кога имав 18 години, развив пореметување поради кое станав опседнат со мојот стомак, што дури ме натера да ја напуштам Велика Британија во 2013 година, за да побарам стручна помош“, откри Донели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира