Австриската полиција фати двајца Германци со 14 черепи украдени од црковна костурница во јужниот дел на земјата. Тие ѝ рекле на полицијата дека ги украле черепите поради нивниот голем интерес за културата на погребување.
„Тие кажаа дека никогаш претходно не го направиле ова“, соопшти полицијата, додавајќи дека двајцата мажи се од Баварија.
Полицијата ги пронашла черепите во багажникот од нивното возило. Коските наводно биле земени од костурница во малата општина Мелблинг.
„Откако ќе заврши истрагата, двајцата мажи веројатно ќе бидат казнети за нарушување на мирот на мртвите“, соопшти полицијата.
Низ историјата, костурниците служеле за складирање коски кога веќе немало место на локалните гробишта.