„Автонова“ официјално ја претстави глобалната технолошка автомобилска марка „Leapmotor“, во годината кога семејниот бизнис одбележува значајни јубилеи и три децении присуство во автомобилската индустрија. Од „Автонова“ истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили.
„‘Leapmotor‘ за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е долгорочна инвестиција, но и почит и обврска кон нашите клиенти, кон нашите 108 вработени и нивните семејства, како и кон вредностите врз кои ја градиме оваа семејна приказна цели 30 години“, порачаа од „Автонова“, најавувајќи и отворање на нов објект посветен на марката „Leapmotor“.

Од „Автонова“ истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили
„Leapmotor“ во регионот
Позната во регионот како ексклузивен увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово за Citroën, во рамки на глобалното партнерство со „Stellantis“, една од највлијателните автомобилски групации во Европа, „Автонова“ ја носи и марката „Leapmotor“, која веќе ужива доверба кај повеќе од 1,5 милиони клиенти ширум светот, благодарение на фокусот на иновација, ефикасност и дизајн ориентиран кон корисникот, нудејќи одржливи и достапни решенија за модерните клиенти.
Целосната гама модели
На настанот беше претставена целосната гама модели – од компактни урбани автомобили до семејни SUV возила и спортски електрични модели, кои од денес може да се видат и во продажниот салон на „Автонова“.
„Leapmotor T03“ – паметен избор за во град
100% електричен градски автомобил од нова генерација, дизајниран за динамиката на современиот урбан живот.
- Електричен мотор: 70 kW
- Опсег: до 265 км според WLTP
- Брзо полнење: од 30 до 80% за само 36 минути
- Поставува нови стандарди во А-сегментот
- Почетна цена: 17.990 евра
„Leapmotor B10“ – модерен и практичен SUV
Новиот компактен SUV во C-сегментот, наменет за млади професионалци, семејства и урбани корисници кои бараат современ дизајн, паметни технологии и практичност.
- Две батериски опции, автономија до 434 км
- Напредна REEV технологија за продолжен опсег на возење без потреба од често полнење, до 900 км
- Почетна цена: 24.990 евра
„Leapmotor C10“ – премиум семеен комфор
Нова генерација D-SUV возила, создадени за подолги и побезбедни семејни патувања.
- 100% електричен модел со погон на задните тркала
- Опција со погон на сите тркала, со напредна 800V архитектура и 585 коњски сили
- Забрзување од 0 до 100 km/h за само 4 секунди – врвни перформанси, сигурност и удобност во сите услови на возење
- Иновативна REEV технологија за продолжен опсег на возење, до 970 км
- Веќе од 29.990 евра
„Leapmotor B05“ – за љубителите на спортски модели
Спортски електричен модел кој речиси истовремено со светската премиера е ексклузивно претставен и во Македонија.
- Препознатлив купе дизајн
- Напредна Cell-to-Chassis технологија
- Автономија до 482 км
- Нов чекор кон иднината
Со официјалното претставување на „Leapmotor“, „Автонова“ прави нов исчекор кон иднината, носејќи на домашниот пазар и во регионот интелигентни, практични и достапни решенија за електрична мобилност, поддржани од долгогодишното искуство, компактен тим и посветеност кон клиентите.
*Комерцијален текст




