БАСНИТЕ СОБРАНИ ОД ЦЕПЕНКОВ ЌЕ СЕ ПРЕВЕДУВААТ НА ФРАНЦУСКИ И НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

    БАСНИТЕ СОБРАНИ ОД ЦЕПЕНКОВ ЌЕ СЕ ПРЕВЕДУВААТ НА ФРАНЦУСКИ И НА АНГЛИСКИ ЈАЗИККреативните илустрации за басните од Македонија ги изработи Катерина Николовска, која работеше и на илустрациите за едицијата „Бајки од Македонија“, а нејзините илустрации беа избрани на јавен конкурс.

    По големиот успех на едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ издадоа нова едиција „Басни од Македонија“. Едицијата е составена од басните „Кучето и зајакот“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“, басни од усното народно творештво, собрани од Марко Цепенков. Басните, како и бајките претходно, ќе бидат преведени на француски и на англиски јазик. Според најавите, се прават преговори басните да се продаваат во Индонезија.

    Креативните илустрации за басните од Македонија ги изработи Катерина Николовска, која работеше и на илустрациите за едицијата „Бајки од Македонија“, а нејзините илустрации беа избрани на јавен конкурс.
    Еден од главните приоритети на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ „Браво сине“ е традиционалните вредности да ги преточи во модерен производ со автентичен печат. Истовремено, еден од главните стремежи е во текот на нивната изработка да им даде шанса на млади талентирани луѓе од Македонија. Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ „Браво сине“ обезбедува и парична награда за авторот или за групата автори на креативните концепти, кои се избираат на јавен конкурс.

    „Нашиот втор проект, ’Бајки од Македонија‘, беше одлично прифатен и покажа дека читателската публика, а особено најмладите, сакаат квалитетно четиво, што истовремено е и модерно и ги поврзува со културолошкиот код што го носиме сите ние како наследено од претходните генерации. Токму затоа решивме годинава да продолжиме во истата насока и годинешниов проект да ѝ го посветиме на најмладата публика, која е и најстрог критичар. Истовремено, продолжуваме со креирање можности за младите талентирани креативци кои на овој начин добиваат шанса да ги реализираат своите идеи“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ член на Управниот одбор на Движењето.
    Едицијата „Басни од Македонија“ е во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“ од Скопје, која беше издавач и на едицијата „Бајки од Македонија“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира