БЕА КАКО ЖИВОТНИ, ВЕЛАТ СВЕДОЦИ НА ТЕПАЧКАТА ЗА НУТЕЛА ВО ФРАНЦИЈА

    БЕА КАКО ЖИВОТНИ, ВЕЛАТ СВЕДОЦИ НА ТЕПАЧКАТА ЗА НУТЕЛА ВО ФРАНЦИЈАЦелата количина на Нутела, која била на акција, е распродадена за 15 минути, а еден муштерија завршил со модрица на окото.

    Попуст на Нутела доведе до насилни сцени во ланец супермаркети во Франција, додека купувачите се обидувале да зграбат од познатиот крем од лешници.

    Супермаркетите „Интермарш“ понудиле 70 отсто попуст на Нутела, со што цената била смалена од 4.50 евра на 1.40 евра. Но, вработените во францускиот супермаркет побарале помош од полицијата кога луѓето почнале да се тепаат и да се туркаат еден со друг.

    „Беа како животни. На една жена и ја откорнаа косата, постара дама ја удри со кутија по главата, друг имаше крвава рака“, кажа еден од муштериите за француските медиуми.

    Вработен во „Интермарш“ во продавница во централна Франција за локалниот весник „Ле Прогрес“ изјави: „Се обидувавме да застанеме меѓу муштериите, но тие не туркаа и нас“.
    Целата количина на Нутела, која била на акција, е распродадена за 15 минути, а еден муштерија завршил со модрица на окото, стои во извештајот.
    Слични сцени се пријавени низ цела Франција, а некои се опишани и како „немири“.

    Околу 365 милиони килограми Нутела се трошат секоја година во околу 160 земји насекаде во светот. Брендот е создаден од Фереро семејството во 1940 година во северниот италијански регион Пиемонт, кој е познат по своите лешници.

    Фирмата соопшти дека жали за вчерашните насилства, и додава дека попустот еднострано е одреден од францускиот ланец супермаркети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира