БЕРЛИН ВОВЕДУВА СИГУРНА ЗОНА ЗА ЖЕНИ НА НОВОГОДИШНАТА ПРОСЛАВА

    БЕРЛИН ВОВЕДУВА СИГУРНА ЗОНА ЗА ЖЕНИ НА НОВОГОДИШНАТА ПРОСЛАВАГерманија уште го памети хоророт од новогодишната ноќ во Келн пред две години, кога стотици жени биле нападнати (Фото: ЕПА)

    Организаторите на новогодишната прослава во Берлин за првпат ќе воведат „сигурна зона“ за жени, кои ќе се почувствуваат загрозено на кој било начин.

    Новите безбедносни мерки се планирани за забавата кај Бранденбуршката порта, за да се спречат сексуални напади. Ова доаѓа по голем број грабежи и напади врз жени, кои се случија за време на новогодишните прослави во Келн пред две години.

    Стотици жени тогаш пријавиле дека биле нападнати од групи мажи, кои во Германија дошле како бегалци.

    Тоа ги зголеми тензиите во земјата околу ова прашање, откако 1,1 милион бегалци и мигранти пристигнаа во Германија во 2015 година, главно, бегајќи од насилствата во Сирија и Ирак.

    Се очекува стотици илјади луѓе да присуствуваат на новогодишната забава во Берлин и безбедносните мерки ќе бидат строги, при што ќе бидат забранети алкохол и големи торби и ранци.

    Жените кои биле нападнати или вознемирувани ќе можат да добијат помош во специјална сигурна зона, во којашто ќе има припадници на Црвен крст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира