БИЛ ГЕЈТС БИЛ ПРИНУДЕН ДА ГО НАПУШТИ „МАЈКРОСОФТ“ ПОРАДИ ИСТРАГА ЗА ЉУБОВНА АФЕРА СО КОЛЕШКА

    БИЛ ГЕЈТС БИЛ ПРИНУДЕН ДА ГО НАПУШТИ „МАЈКРОСОФТ“ ПОРАДИ ИСТРАГА ЗА ЉУБОВНА АФЕРА СО КОЛЕШКАВеста за истрагата излезе во јавност откако Бил и Миранда Гејтс објавија дека се разведуваат по 27 години брак (Фото: Гети)

    Управниот одбор на „Мајкрософт“ истражувал две децении стара љубовна афера на Бил Гејтс пред тој да си замине од компанијата минатата година. Од „Мајкрософт“ потврдија дека покренале истрага откако добиле писмо во кое било пријавено негово недолично однесување.

    Портпарол на Гејтс потврди дека љубовната афера постоела, но негираше дека тој поради тоа си заминал од компанијата што ја основал во 1970-ите.

    „Аферата била пред речиси 20 години и завршила спогодбено“, изјави тој.

    Веста за истрагата излезе во јавност откако Бил и Миранда Гејтс објавија дека се разведуваат по 27 години брак. „Мајкрософт“ денеска објави дека во 2019 примил поплака во која стоело дека Гејтс во 2000 година „барал да почне интимна врска со вработена во компанијата“.

    „Управниот одбор ангажираше адвокатска фирма за да спроведе истрага во врска со поплаката“, соопшти „Мајкрософт“.

    Истрагата немала заклучок, бидејќи Гејтс поднесол оставка пред таа да биде завршена. Американските медиуми цитираа извори од компанијата дека од Гејтс било побарано да си замине зашто неговото однесување се сметало за несоодветно. Тој се повлече во март минатата година, три месеци откако беше реизбран, зашто, како што кажа, сакал целосно да се посвети на добротворната работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира