Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор собра 60.000 евра од продажбата на својот стар „рено 4“, што ќе ги донира на хуманитарните организации кои им помагаат на децата болни од рак. Тој денеска му ги предаде клучевите на новиот сопственик, бизнисменот Александар Фратар, кој победи на наддавањето.
„Нашата намера беше да им помогнеме на овие мали борци“, кажа Фратар.
Пахор, кој во два мандата беше претседател на Словенија, го поседуваше автомобилот 32 години, но неодамна одлучи да го стави на оглас. Продажбата симболично беше затворена на 15 февруари, кога се одбележува Меѓународниот ден на борба против ракот кај децата.
„Од старт знаев дека ова нема да биде аукција само за луѓето кои сакаат автомобили, туку и за луѓето кои имаат големо срце“, кажа Пахор.