БРАТОТ НА ПАРИС ХИЛТОН ГО УКРАЛ БЕНТЛИТО НА ТАТКОТО НА БИВШАТА ДЕВОЈКА

    БРАТОТ НА ПАРИС ХИЛТОН ГО УКРАЛ БЕНТЛИТО НА ТАТКОТО НА БИВШАТА ДЕВОЈКАБогатите наследници на синџирот хотели Хилтон, Конрад и сестра му Парис сликани заедно на „Пипл чојс авордс“ во Лос Анџелес

    Конрад Хилтон (23), еден од наследниците на големиот синџир на хотели „Хилтон“ и помалиот брат на богатата џетсетерка Парис Хилтон беше уапсен рано во саботата наутро откако се обидел да влезе во куќата на неговата поранешна девојка и го украл бентлито на нејзиниот татко.

    Полицијата од Лос Анџелес соопшти дека Конрад ја прекршил наредбата за забрана за приближување на поранешната девојка и бил уапсен околу 4.50 сабајлето пред нејзината куќа во Холивуд.

    Хилтон бил фатен од полицијата во бентлито на таткото на девојката и бил задржан во притвор со обвинение дека украл кола и ја прекршил судската наредба за забрана за доближување. Судијата побарал кауција од 60.000 долари за Конрад да може да се брани од слобода.

    Таткото на девојката е Рик Саломон кој некогаш се забавувал со сестра му на Конрад, Парис Хилтон. Тој е познат и по тоа што два пати бил оженет и два пати се разведувал од глумицата Памела Андерсон.

    Ова не е прв пат младиот богаташ да има проблеми со законот. Во 2014 година тој беше уапсен откако за време на комерцијален лет на Бритиш ервејз од Лондон за Лос Анџелес, пушел марихуана, а потоа хистерично им се заканувал на стјуардесите и на сите во авионот дека „ќе ги ебе затоа што се сељачишта“.

    Конрад потоа бил условно казнет на три години, платил парична казна и морал да извршува општественокорисна работа 750 часа, а морал и задолжително да посетува советување за одвикнување од дроги.

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира