БРАЗИЛКА КОЈА ТВРДИ ДЕКА ИМА 119 ГОДИНИ БАРА ГИНИС ДА ЈА ПРИЗНАЕ ЗА НАЈСТАРА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ

    БРАЗИЛКА КОЈА ТВРДИ ДЕКА ИМА 119 ГОДИНИ БАРА ГИНИС ДА ЈА ПРИЗНАЕ ЗА НАЈСТАРА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТДокументите покажуваат дека Педро да Силва е родена на 10 март во 1905 година (Фото: Принтскрин од видео на Јутјуб)

    Два месеца пред, како што вели, нејзиниот 120-ти роденден, Деолира Глицерија Педро да Силва, прабаба од државата Рио де Жанеиро во Бразил побара од Гинисовата книга на рекорди да биде признаена за најстара жива личност на светот. Во Гинисовата книга моментално има уште една Бразилка, Ина Канабаро Лукас, калуѓерка од јужната држава Рио Гранде до Сул, како најстарата жива личност со 116 години.

    „Сè уште ја нема во книгата, но таа е најстарата во светот според документите што ги имаме за неа, како што открив неодамна“, рече внуката на Деолира, Доротеја Фереира да Силва.

    Документите покажуваат дека Педро да Силва е родена на 10 март 1905 во руралната област Порчиункула, во државата Рио. Таа сега живее во живописна куќа во Итаперуна, а за неа се грижат нејзините две внуки Доротеја (60) и Леида Фереира да Силва (64). Таа е под надзор на лекари и истражувачи кои се заинтересирани за тоа како за повеќе од четири децении го надживеала просечниот животен век во Бразил, кој моментално изнесува 76,4 години.

    „Госпоѓа Деолира, годинава ќе наполни 120 години. Таа е во добра здравствена состојба и не зема никакви лекови“, рече лекарот Хуаир де Абреу Переира, кој често ја проверува Педро да Силва.

    Во соопштението, од „Гинис“ рекоа дека не можат да потврдат дали ја добиле апликацијата на Педро да Силва, бидејќи примаат апликации од многу од луѓе ширум светот кои тврдат дека се најстарата жива личност.

    „Големите поплави во регионот пред речиси дваесет години ги уништија повеќето оригинални документи на Деолира“, рече нејзиниот лекар, а тоа може да биде проблем за официјалното признавање на нејзината возраст.

    Дури иако нејзината возраст не е прецизна, Педро да Силва сигурно е постара од 100 години, според Матеус Видигал, истражувач од Универзитетот во Сао Паоло кој го проучувал нејзиниот случај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира