БРАЗИЛСКИ УМЕТНИК НАСЛИКА МУРАЛ СО ПЕПЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ И КАЛ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО АМАЗОН

    БРАЗИЛСКИ УМЕТНИК НАСЛИКА МУРАЛ СО ПЕПЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ И КАЛ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО АМАЗОННа уметничкото дело е прикажана домородната активистка Алесандра Корап која носи круна од цвеќиња и држи транспарент на кој пишува: „Стоп за уништувањето #одржи си го ветувањето“. (Фото: АП)

    Бразилскиот уметник Мундано наслика огромен мурал во Сао Пауло во кој користел пепел од шумски пожари и кал од поплави, за да стави фокус на екстремните временски непогоди кои предизвикуваат уништување низ целата земја, како и нивните причини. Муралот, висок над 30 метри и широк 48 метри, го прикажува уништувањето на шумите и силната суша во дождовните шуми на Амазон со исушена кафеава земја и сиви трупци од дрвја. На уметничкото дело е прикажана домородната активистка Алесандра Корап која носи круна од цвеќиња и држи транспарент на кој пишува: „Стоп за уништувањето #одржи си го ветувањето“.

    Според Мундано, тоа е повик до гигантот за производство на соја „Каргил“ од Минесота, САД. Одгледувањето на соја е еден од најголемите причинители на уништувањето на шумите во Амазон. „Каргил“ на својата веб-страница вели дека ќе го елиминира уништувањето на шумите од неговиот синџир во Бразил, Аргентина и Уругвај до 2025.

    „Уморни сме да бидеме земја, континент каде што ние и природните ресурси што ги имаме овде се експлоатирани. Мора да ја обновиме нашата планета наместо да ја уништуваме“, рече Мундано на претставувањето на муралот.

    Во текот на изминатите месеци, неконтролирани шумски пожари предизвикани од човекот ги опустошија заштитените области во Амазон, огромната савана Серадо и најголемата тропска мочуришна област во светот, Пантанал. Тие пожари шират чад на огромна површина, задушувајќи ги жителите на некои градови.

    Сушата предизвика кризна состојба на национално ниво, а според неделниот извештај од Цемаден, бразилскиот центар за предупредување за катастрофи, ваквата состојба ќе се задржи во поголемиот дел од земјата барем до крајот на месецот,

    Мундано, кој себеси се нарекува „артивист“, користел кал од поплавата во Рио Гранде до Сул, собрана од активистичката група „Движење на луѓе погодени од брани“,  како и пепел од Амазон, Атлантската шума, Пантанал и Серадо. Тој, исто така, користел земја фрлена во контејнерите во Сао Паоло и глина собрана од домородното земјиште Савре Мујбу во Амазон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира