БРИТАНЕЦ ИТНО ОДНЕСЕН ВО БОЛНИЦА ОТКАКО СЕ РАЗБУДИЛ СО МОДРА КОЖА, ИЗЛЕГЛО ДЕКА НЕ ЈА ИСПРАЛ НОВАТА ПОСТЕЛНИНА

    БРИТАНЕЦ ИТНО ОДНЕСЕН ВО БОЛНИЦА ОТКАКО СЕ РАЗБУДИЛ СО МОДРА КОЖА, ИЗЛЕГЛО ДЕКА НЕ ЈА ИСПРАЛ НОВАТА ПОСТЕЛНИНАЛинч ја добил постелнината на подарок од пријател и рече дека не помислил да треба да ги пере чаршафите (Фото: Т. Линч)

    Британец бил итно однесен во болница откако се разбудил со помодрена кожа. Томи Линч (42) бил изненаден кога дознал зошто неговата кожа ја променила бојата преку ноќ. Линч кажал дека се чувствувал „екстремно уморен“ претходната ноќ, а кога се разбудил откако спиел подолго, неговиот пријател решил да го однесе во болница.

    Таму, додека ги чекал истражувањата, му бил даден кислород како прва помош. Откако лекарот го прегледал, сфатиле дека неговата загриженост за бојата на кожата не била сериозна. Докторот ја протрил раката на Линч со алкохолно марамче и сината боја исчезнала. Тогаш Линч сфатил дека кожата му помодрела зашто две ноќи спиел на нови, неиспрани чаршафи.

    „Никогаш не сум знаел дека мора да ги перете чаршафите пред да спиете на нив. Сите на рецепцијата во ургентниот центар ме гледаа како да виделе дух. Лекарите рекоа дека никогаш порано не виделе некој со таа боја на кожа кој сè уште бил жив. Изгледав како Аватар“, рече Линч.

    Пријателот испаничил оти Линч спиел 14 часа. Кога го разбудил, ѝ пратиле слика и на мајка му, која исто така испаничила и им рекла итно да одат во болница. Тој бил посрамен од целата ситуација и ја напуштил болницата „поцрвен отколку син“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира