БРИТАНКА ПРОНАЈДЕНА ЖИВА И ЗДРАВА 52 ГОДИНИ ОТКАКО ИСЧЕЗНАЛА

    БРИТАНКА ПРОНАЈДЕНА ЖИВА И ЗДРАВА 52 ГОДИНИ ОТКАКО ИСЧЕЗНАЛАПолицијата на Вест Мидлендс викендов направи нов обид да се пронајде Шејла Фокс, објавувајќи стара фотографија од неа

    Жена која исчезнала пред 52 години е пронајдена жива и здрава откако полицијата објавила избледена фотографија во обид да го реши еден од најстарите случаи на исчезната личност во Велика Британија.

    Сега 68-годишната Шејла Фокс исчезнала од Ковентри во 1972 кога имала 16 години. Во тоа време живеела со своите родители и можеби била во врска со маж. Полицијата кажа дека била отворена за сите опции, верувајќи дека таа заминала од областа.

    Полицијата на Вест Мидлендс викендов направи нов обид да се пронајде Фокс, објавувајќи стара фотографија од неа, од времето кога исчезнала. По само неколку часа, полицијата ги добила првите дојави и денеска потврди дека Фокс е пронајдена жива и здрава, велејќи дека таа сега живее во друг дел од земјата.

    Ги пребаравме сите докази за да најдеме фотографија од Шејла. Само неколку часа по јавниот повик, добивме информација која нѐ доведе до неа“, изјави портпаролот на полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира