Јане Петков од Бугарија денес во Охридското езеро го собори Гинисовиот рекорд во пливање врзан со ланци во вреќа. Тој за околу три часа исплива 3.380 метри. Стартот беше кај Горица, а целта кај градското пристаниште во Охрид.
„Јане Петков денес успеја да го собори светскиот рекорд во пливање врзан и во вреќа, токму во Охрид. Тоа е голем успех за него, но и ретка можност за презентација на Охрид низ светот, бидејќи вакви рекорди не остануваат незабележани од светсата јавност. Петков денес пливаше храбро, иако на последните анализи забележавме значително помали вредности на железо и хемоглобин во крвта, од нормалните вредности”, ни изјави Сашо Точко, прв човек на Црвен крст во Охрид.
Досегашниот Гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил Индиецот Гопал Карви со препливани 3.071 метри во Индискиот океан на 1.12.2013 година.
Д. ЧУБРИЌ