ЧОВЕКОТ УНИШТИЛ 60% ОД СВЕТСКАТА ПОПУЛАЦИЈА НА ЖИВОТНИ ОД 1970, ПОКАЖА НОВ ИЗВЕШТАЈ

    ЧОВЕКОТ УНИШТИЛ 60% ОД СВЕТСКАТА ПОПУЛАЦИЈА НА ЖИВОТНИ ОД 1970, ПОКАЖА НОВ ИЗВЕШТАЈБрзите промени се должат на постојаното зголемување на производството на храна и на зголемените потреби од енергија, вода и земјиште (Фото: Гети)

    „Експлозија во човечката исхрана“ придонесла за масовно уништување на глобалната популација на диви животни, се вели во најновиот извештај на конзерваторската група ВВФ. Според него, ‘рбетните видови животни, како цицачи, риби, птици, водоземци и влекачи, загубиле 60% од својата популација меѓу 1970 и 2014 година.

    „Земјата го губи својот биодиверзитет на ниво какво што досега беше видено само за време на масовно исчезнување“, предупредува извештајот „Ливинг планет“, кој се објавува на секои две години.

    Најновиот извештај кажува дека само една четвртина од светското земјиште сега е надвор од влијанието на човекот и ова ќе падне на една десетина до 2050 година. Брзите промени се должат на постојаното зголемување на производството на храна и на зголемените потреби од енергија, вода и земјиште.

    Во Јужна и Средна Америка е регистрирано најдраматичното уништување на ‘рбетните видови, од дури 89% во споредба со 1970 година.

    Морските видови се особено загрозени, бидејќи загадувањето со пластика е забележано и во најдлабоките делови на океаните, вклучувајќи ја и најдлабоката точка на Земјата, Маријанската Бразда. Кај водните видови е забележано намалување на популацијата од 83% во споредба со 1970.

    „Потребен е нов глобален договор за природата и луѓето, сличен на Парискиот климатски договор од 2015 година“, се вели во извештајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира