„ДАЈНЕРС КЛУБ“ СО ФОНД ЗА ПОМОШ НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ, ИНСПИРИРАНА ОД РЕТКИОТ ЧАСОВНИК „ДЕНИЦИЈА“ НА КАРДУЛА

    „ДАЈНЕРС КЛУБ“ СО ФОНД ЗА ПОМОШ НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ, ИНСПИРИРАНА ОД РЕТКИОТ ЧАСОВНИК „ДЕНИЦИЈА“ НА КАРДУЛАЧасовникот „Дениција“ е изработен во триесет примероци. (Фото: Фејсбук на Кардула)

    Првиот часовник од колекцијата „Своч на кирилица“, по дизајн на графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула, на брендот „Божиновски“, наречен „Дениција“ ќе отпатува за Дубаи, Финска, Канада, Грција и Австрија, благодарение на аукцијата организирана од македонскиот бренд.

    На аукцијата учествуваше и „Дајнерс клуб Македонија“ со чија помош е основана новата фондација на „Божиновски“, наменета за стипендирање на млади домашни уметници. „Дајнерс“ купи пет часовници од ограничената серија на часовникот „Дениција“ којшто беше изработен во триесет примероци.

    Часовникот е дизајниран со мотив од познатата едиција „Жени“ на авторот и симболично го доби името Дениција.

    „Инспириан бев од загадочната и бескрајна љубов која ја опејува еден од најзначајните македонски писатели, Петре М. Андреевски. Име кое асоцира на изгрејсонце, на ѕвездата Деница, на светлина, плодност, убавина, но и на  татковина“, вели Кардула.

    „Како компанија цврсто веруваме дека инвестирањето во талентот и креативноста се од голема важност“, вели Божидар Јанковски, директор на „Дајнерс клуб Македонија“

    Едицијата „Своч на кирилица“ е платформа која ја одбележува триесетгодишнината од независноста на Македонија.

    „Навистина сме среќни што сме дел од основањето на фондацијата ‘Божиновски’ чија цел е да ги поддржи младите македонски уметници да го реализираат својот потенцијал, бидејќи тие претставуваат вистинско богатство на нашата земја. Како компанија цврсто веруваме дека инвестирањето во талентот и креативноста се од голема важност, особено во време кога младите уметници творат и делуваат со ограничениможности“, велат од „Дајнерс клуб Македонија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира