ДЕН НА БЕСПЛАТНИ СТРИПОВИ В САБОТА ВО КНИЖАРНИЦАТА „БУНКЕР“

    ДЕН НА БЕСПЛАТНИ СТРИПОВИ В САБОТА ВО КНИЖАРНИЦАТА „БУНКЕР“Од „Бункер“ велат дека имаат обезбедено 130 стрипови кои ќе бидат делени по принципот прв дојден-прв услужен. (Фото: Фејсбук/Бункер)

    Стрип-книжарницата „Бункер“ в сабота бесплатно ќе дели стрипови. Со оваа акција книжарницата станува дел од светската манифестација „Ден на бесплатни стрипови“ која е востановена во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји.

    Од „Бункер“ велат дека за в сабота имаат обезбедено 130 стрипови кои ќе бидат делени по принципот прв дојден-прв услужен. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Стриповите ќе бидат поделени во две категории, албумски и киоск изданија.

    Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и многу други попратни попусти и акции на изданијанијата и на играчките. Почетокот е во 10 часот, а забавниот стрип-ден ќе трае и откако ќе се потрошат бесплатните изданија.

    „Бункер“ е единствената специјализирана стрип-книжарница во земјава, отворена во 2011 година, а се наоѓа на булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, спроти трговскиот центар „Рамстор“. Посветените стрипомани се надеваат оти овој стрип-ден ќе стане традиција.

    Во првите 6 години на светската манифестација „Ден на бесплатни стрипови“ се поделени повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира