ДЕПОНИЈАТА СО ПЛАСТИКА ВО ТИХИОТ ОКЕАН Е ПОГОЛЕМА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРОЦЕНУВАШЕ

    ДЕПОНИЈАТА СО ПЛАСТИКА ВО ТИХИОТ ОКЕАН Е ПОГОЛЕМА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРОЦЕНУВАШЕНаучниците последните години кренаа аларм дека светските океани се гушат во милијарди парчиња пластика. (фото: ДПА)

    Големата депонија во Пацификот, пловечки остров од пластични отпадоци и други загадувачи во северниот дел на Тихиот Океан е многу поголема отколку што претходно се претставуваше и се зголемува, стои во научните извештаи.

    Над 79.000 тони пластика плива во океанот и покрива 1,6 милиони квадратни километри, покажа студијата објавена во магазинот „Научни извештаи“.

    Таа зафаќа површина четири пати поголема од Германија и депонијата во Тихиот Океан е 16 пати поголема, отколку што претходно се претпоставувало, покажа студијата базирана на податоци од набљудувањата направени од воздух но и од море.

    Проценетата тежина на отпадот е рамна на 500 џамбо џета.

    Научниците последните години кренаа аларм дека светските океани се гушат во милијарди парчиња пластика. Големата депонија во Тихиот Океан е најголема зона во океанот каде се акумулира пластичниот отпад, а формирана е субтропските води меѓу Калифорнија и Хаваи, која е во груба формација од силните океански струи.

    Загадувањето на океанот значително се зголемува, почнувајќи од 1970 година и со многу поголема брзина, отколку во околните води, кажаа истражувачите во новата студија поврзана со холандската невладина организација Фондација за чистење на океаните. Пластиката сочинува 99,9 отсто од целиот отпад во областа.

    Истражувачите кажаа дека над три четвртини од масата ѓубре е составена од парчиња поголеми од пет сантиметри, вклучувајќи тврда пластика, пластични плочи и филм, а околу половина се состои од рибарски отпадоци.

    Микропластиката, која е помала од пет милиметри и штетна за океанската екологија, е проценета на 8 отсто од вкупната маса, но 94 отсто од проценетите 1,8 илјада милијарди парчиња кои пливаат во областа.

    Истражувачите проценуваат дека микропластиката брзо се акумулира од 0,4 километри на метар квадратен во 1970 година, до 1,23 килограми на метар квадратен во 2015 година.

    Повеќето од големите парчиња се скршени на парчиња, но многу од нив се непрепознатливи, а вклучува контејнери, шишиња, амбалажа, јажиња и мрежи за риболов.

    „Бевме изненадени од количината на големите парчиња пластика кои ги изброивме“, рече Џулија Рејсер, главен истражувач во истражувачката експедиција за студијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира