ЏЕКПОТОТ ВО АМЕРИКАНСКАТА ЛОТАРИЈА МЕГА МИЛИОНС СЕ ЗГОЛЕМИ НА РЕКОРДНИ 1,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ЏЕКПОТОТ ВО АМЕРИКАНСКАТА ЛОТАРИЈА МЕГА МИЛИОНС СЕ ЗГОЛЕМИ НА РЕКОРДНИ 1,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИШансите да се погодат сите шест бројки во Мега милионс се проценуваат на еден наспроти 300 милиони (Фото: АП)

    Џекпотот во американската лотарија Мега милионс порасна на рекордни 1,6 милијарди долари, откако на последното извлекување никој не успеа да ја освои наградата од една милијарда.

    Ова предизвика големи редици пред продажните места, откако беа поделени 15 втори награди вредни по еден милион долари. Следното извлекување ќе се одржи во вторник.

    „Постои можност повторно никој да не победи, но тешко е да се одолее“, изјави Керол Гентри, портпаролката на Лотаријата на Мериленд,

    Шансите да се погодат сите шест бројки во Мега милионс се проценуваат на еден наспроти 302.575.350.

    Ливчињата за Мега милионс се продаваат во 44 американски сојузни држави и главната награда не е погодена од јули. За последното извлекување биле продадени околу 280 милиони ливчиња по цена од два долари.

    Досегашната најголема добивка во Мега милионс изнесува 1,58 милијарди долари и беше поделена на три ливчиња во 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира