ЏИЛИЈАН АНДЕРСОН БАРА ОД ЖЕНИТЕ НИЗ СВЕТОТ ДА Ѝ ГИ ИСПРАТАТ НИВНИТЕ СЕКСУАЛНИ ФАНТАЗИИ ЗА СЕРИЈАТА НА „НЕТФЛИКС“

    ЏИЛИЈАН АНДЕРСОН БАРА ОД ЖЕНИТЕ НИЗ СВЕТОТ ДА Ѝ ГИ ИСПРАТАТ НИВНИТЕ СЕКСУАЛНИ ФАНТАЗИИ ЗА СЕРИЈАТА НА „НЕТФЛИКС“Андерсон ја глуми секс-терапевтката Џин Милбурн во хит-серијата „Сексуално образование“ на „Нетфликс“. (Фото: „Нетфликс“)

    Британската актерка Џилијан Андерсон побара од жените низ светот, анонимно да ѝ ги испратат нивните сексуални фантазии, за потребите на нејзиниот лик во серијата „Сексуално образование“ (Sex Education). Андерсон, која ја глуми секс-терапевтката Џин Милбурн во хит-серијата на „Нетфликс“, преку Инстаграм објави дека „почнува големо истражување за жените и сексот“.

    54-годишната актерка, добитничка на Златен глобус во видетото бара од жените да ѝ ги испратат нивните најинтимни желби, за „книга на која работи“.

    „Нашите најдлабоки најинтимни стравови и фантазии остануваат затворени во нас. Сѐ додека некој не дојде со клучот. Па, тука е вашиот клуч. Јас уредувам книга со вашите анонимни писма до мене. Книга која истражува како жените размислуваат за сексот, бидејќи сексот е за женственост и мајчинство, неверство и експлоатација, согласност и почит, правичност и болка“, вели Андерсон, додавајќи: „ Без разлика на тоа од каде сте, ако имате помеѓу 18-80 години, имате односи со мажи, жени или небинарни личности, или пак со никој. Сакам да ги знам вашите најдлабоки желби“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира