ЏОРЏ КЛУНИ, „ЈУ-ТУ“ И ГЛЕДИС НАЈТ МЕЃУ НАГРАДЕНИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ КЕНЕДИ ЗА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА КУЛТУРА

    ЏОРЏ КЛУНИ, „ЈУ-ТУ“ И ГЛЕДИС НАЈТ МЕЃУ НАГРАДЕНИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ КЕНЕДИ ЗА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА КУЛТУРАГодинашните добитници на наградите на Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“. (Фото: АП)

    Легендарни музичари како Гледис Најт или ирскиот бенд „Ју-Ту“ вообичаено би настапувале на концерт со илјадници луѓе во публика, но денеска во Центарот Кенеди, тие се меѓу уметниците кои добија награди за животни достигнувања. Актерот, режисер, продуцент и активист за човекови права Џорџ Клуни, композиторката и диригентка Тања Леон како и пејачката на христијанска музика Ејми Грант им се придружија на Најт и целиот состав на „Ју-Ту” на свеченоста за доделувањето на наградите во Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“. Организацијата секоја година наградува одбрана група личности за нивното уметничко влијание врз американската култура.

    „Чест е да бидеш спомнет во ист контекст заедно со овие исклучителни уметници. Ова е навистина возбудливо изненадување за целата фамилија Клуни”, се вели во изјавата на 62-годишниот глумец.

    78-годишната Најт рече дека „е почестена и без зборови“ од признанието на Центарот Кенеди. Таа почнала да пее госпел музика на 4 години и изгради кариера која се протега низ повеќе децении.

    Поврзаноста на Ирците од „Ју-Ту“ со Америка датира од пред повеќе децении. За време на првото патување во САД, во 1980, настапиле во Вашингтон. Во изјавата тие велат дека првично дошле во Америка со големи соништа „поттикнати од верувањето дека Америка мириса на Ирска“.

    „И излезе дека тоа е вистина. Се роди љубовна врска која трае четири децении со оваа земја и нејзиниот народ, уметниците, нејзината култура“, велат легендарните музичари со 22 Греми награди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира