ЏОРЏ МАЈКЛ ПОГРЕБАН ДЕНЕСКА ТРИ МЕСЕЦИ ОТКАКО УМРЕ

    ЏОРЏ МАЈКЛ ПОГРЕБАН ДЕНЕСКА ТРИ МЕСЕЦИ ОТКАКО УМРЕПред домот на поп иконата, позната по хитовите „Минатиот Божик“, „Разбуди ме пред да одиш“ и „Бездушен шепот“, фановите оставаа цвеќе, свеќи и пораки по неговата смрт на 25 декември. (Фото: СДК.МК)

    Британскиот пејач Џорџ Мајкл бил погребан денеска во Лондон, кажа неговиот публицист. Приватниот погреб се одржал на гробиштата „Хајгејт“ во северен Лондон и присутни биле само семејството и блиските пријатели, додаде публицистот „Кони Филипело“. Семејството им се заблагодари на фановите за нивните пораки со љубов и поддршка и побара да се почитува нивната приватност.

    На гробиштата „Хајгејтс“ се погребани Карл Маркс, Џорџ Елиот и Даглас Адамс, меѓу другите познати.
    Аутопсијата покажа дека Мајкл умрел од природна смрт како резултат на срцева болест и замастен црн дроб. Поранешниот пејач на „Вем“ беше најден мртов во неговиот дом во Оксфордшир на 25 декември на возраст од 53 години. Пејачот имаше проблеми со срцето и се бореше со зависност од дрога.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари