ДИПЛОМАТИ И ЅВЕЗДИ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРОДАВНИЦА СО НАКИТ ОД ФИРЕНЦА ВО СКОПЈЕ

    ДИПЛОМАТИ И ЅВЕЗДИ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРОДАВНИЦА СО НАКИТ ОД ФИРЕНЦА ВО СКОПЈЕИталијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео и сопственичката на брендот за накит, Ребека Тести на отворањето на продавницата во Скопје (Фото: K. Попов)

    Со ВИП гости – дипломати, бизнисмени, поп-ѕвезди, спортисти и стилисти во скопскиот трговски центар „Рамстор“ се отвори луксузната продавница за италијански накит „Ребека“.

    Сопственичката на брендот, Ребека Тести ни рече дека компанијата пред 20 години ја основал нејзиниот татко, кој е и дизајнер, а таа сега е одговорна во делот за маркетинг, извоз, но и за дизајнот. Партнерка во Македонија е Ива Милошевска, дипломиран комуниколог и пиар експерт на универзитетот во Рим.

    Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов со италијанско-македонските партнерки за брендот „Ребека“ (Фото: К. Попов)

    Седиштето на компанијата се наоѓа на 20 минути од Фиренца, и Тести вели дека тие имаат 100 отсто производство во Италија, сѐ се прави во самиот објект, од производство до пакувањето за извоз.

    „Нашите три основни вредности се страст, мода и дизајн ‘мејд ин Италија”. Дизајнот е она што нѐ разликува од другите произведувачи. Ние сме лесно препознатливи, ги следиме најновите трендови, модни ревии и навистина се грижиме за дизајнот и стилот на накитот“, вели италијанската дизајнерка.

    Каролина Гочева и Александар Билјановски-Дадар (Фото: К. Попов)

    Брендот „Ребека“ има отворено продавници во Љубљана и во Загреб, а за предизвикот да отворат претставништво во Скопје, Тести вели: „Предизвикот е понекогаш е сакаш да ги раширип крилјата, да отвораш нови продавници во нови земји, но важно е да ги одбереш вистинските партнери. Ние со Ива и со нејзиното семејство градиме одлична врска“.

    Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли со сопругата Кејпи Полк Бејли и Живко Мукаетов (Фото: K. Попов)

     

    Мукаетов со италијанскиот амбасадор Карло Ромео и сопругата (Фото: K. Попов)

    Меѓу гостите беше и кошаркарот Перо Антиќ (Фото: K. Попов)

     

    Брачниот пар Драгана Клопчевска и Дарко Гелев-Брејк (Фото: K. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира