ДИРЕКТОРОТ НА СПОТИФАЈ ГИ НАРЕЧЕ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ „СИТНИ ИЗМАМНИЦИ“ ОТКАКО МУЗИЧКИОТ СЕРВИС ЈА ПРЕКИНА СОРАБОТКАТА СО ДВОЈКАТА

    ДИРЕКТОРОТ НА СПОТИФАЈ ГИ НАРЕЧЕ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ „СИТНИ ИЗМАМНИЦИ“ ОТКАКО МУЗИЧКИОТ СЕРВИС ЈА ПРЕКИНА СОРАБОТКАТА СО ДВОЈКАТАПринцот Хари и Меган Маркл потпишаа договор со Спотифај на крајот на 2020 година вреден 20 милиони евра за да снимаат подкаст на сервисот. (Фото: Инстаграм)

    Директорот на Спотифај Бил Симонс ги нарече Принцот Хари и Меган Маркл ситни измамници, еден ден од музичкиот сервис ја прекина соработката со двојката од британското кралско семејство.

    Симонс, кој е шеф на Спотифај за иновации и монетизација, ги критикуваше Меган и Хари за време на вчерашната епизода на неговиот подкаст, наречен „Рингер“.

    „Би сакал да бев вклучен во преговорите со Меган и Хари за нивното напуштање на Спотифај. Ситни измамници. Така требаше да се вика подкастот со нив. Мора да се опијам една вечер и да ја раскажам приказната за Зумот што го имав со Хари да се обидам да му помогнам со идеи за подкастот. Ситни измамници“, кажа Симонс.

    Принцот Хари и Меган Маркл потпишаа договор со Спотифај на крајот на 2020 година вреден 20 милиони евра за да снимаат подкаст на сервисот. Но, подкастот наречен „Архетипи“ засега ќе остане на една сезона, бидејќи „Спотифај“ веќе нема да го продуцира.

    „Вол Стрит Џурнал“ објави дека Војводата и Војвотката од Сасекс нема да ја добијат целата сума од договорот затоа што не снимиле доволно содржини.

    Освен партнерството со Спотифај, Принцот Хари и Меган Маркл потпишаа договор со и Нетфликс, исто така на крајот на 2020 година.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира