Дизајнерката и архитектка од Њујорк Нина Евардс Анкер користи алги за изработка на предмети за внатрешно уредување, како лустери и украси. Идејата ја добила додека работела на докторската дисертација за материјали и осветлување на Школата за архитектура и дизајн во Осло.
Сега, дизајнирала колекција со предмети како светилки и лустери насловена „Хлорофита“. Таа е една од многуте дизајнери која размислува надвор од кругот на традиционалните материјали, наоѓајќи начини да го спои дизајнот со одржливи извори.
„За осветлувањето, ние размислуваме за црвени/портокалови алги, пердуви од одржливи извори, лушпи од ракови и смачкани морски школки, како и гума направена од остатоци од пченка“, вели таа. „За мебелот користиме органски материјали како грав, леќата и хељда за тапациран мебел, како и природна плута и бамбус“, вели Анкер.
Направени се огромни чекори во претворањето на рециклирани пластични шишиња и растителни влакна во материјали што можат да се користат во уредувањето на ентериерот и во модната индустрија, кои се обидуваат да се справат со негативните влијанија врз животната средина од производството на памук, загадувањето со пластика и друго.