По шести пат, денес низ скопските улици моторџии продефилираа дотерани во елегантни костуми на трката чија цел е да се подигне свеста кај јавноста за машкото здравје и борбата против ракот на простата.
Станува збор за настан кој е дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman’s Ride” кое се одржува во чест на машкото здравје.
„The Distinguished Gentleman’s Ride” годинава одбележува 10-годишен јубилеј, а Скопје е дел од ова движење веќе шест години. Досега, на глобално ниво собрани се 27,5 милиони долари како поддршка во борбата против ракот на простата. Во овој глобален настан биле вклучени над 340 илјади учесници од 107 држави во светот.
Движењето го поттикна Марк Хава во 2012 во Сиднеј кога облечен во свечен костум заедно со своите пријатели продефилира низ улиците во чест на негов пријател, кој ја изгубил битката со ракот на простатата. Оттогаш движењето секоја година има се поголем бројот на учесници и собрани средства.