Државна лотарија ја почна кампањата „Празнично дарување“ како награда за огромниот интерес за учество во игрите на среќа на својата нова интерент-платформа www.megawin.mk. Покрај забавните игри за љубителите на видеолотарија и спортско обложување, Државна лотарија предвиде подароци за играчите, а посебно за секој новорегистриран играч на megawin.mk.
„Забавата започна, а празниците се ближат, па оттаму и името на кампањата ‘Празнично дарување‘. Симболиката на празниците и дарувањето се претставени со отворање подароци на страната megawin.mk. Играчот сам избира подарок, го отвора со клик, а добиеното е изненадување што го води понатаму во уште поголема забава и поголеми изненадувања“, велат од Државна лотарија.
Новата интернет-платформа беше промовирана со наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Mегавин“, која траеше од 18 до 29 ноември и имаше фонд од награди и подароци вреден над 12.000.000 денари. Извлекувањето на наградите се одвиваше на 30 ноември на концертот „Мегастарс“ во Скопје, каде што платформата megawin.mk беше и официјално отворена за игра. Главната премија е автомобил „БМВ“, чиј добитник ќе гостува во следното издание на новата шоу-емисија „Седмо небо“.