ДРЖАВНА СЛУЖБЕНИЧКА ОД АРКАНЗАС КАЗНЕТА ОТИ ПОТРОШИЛА 200.000 ДОЛАРИ ОД СЛУЖБЕНА КАРТИЧКА ЗА СВОЕТО КУЧЕ

    ДРЖАВНА СЛУЖБЕНИЧКА ОД АРКАНЗАС КАЗНЕТА ОТИ ПОТРОШИЛА 200.000 ДОЛАРИ ОД СЛУЖБЕНА КАРТИЧКА ЗА СВОЕТО КУЧЕСлужбеничката на своето куче му купила костум и дијамантски ѓердан (Фото: КАРК)

    Една поранешна државна службеничка од Арканзас признала дека незаконски користела кредитна картичка, откако било утврдено дека трошела јавни пари за лични потреби, вклучувајќи и костум за своето куче.

    Кристи Гос требаше да се појави на суд наредната недела, но таа претходно се изјаснила како виновна.

    Властите ја обвиниле Гос дека потрошила 200.000 долари државни пари, при што за своето куче купила костум, перници, дијамантски ѓердан и осигурување, а на ист трошок посетувала и локални спортски натпревари.

    Судот објави дека казната ќе и биде изречена на 22 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира