„ЕР ФРАНС“ СУСПЕНДИРАШЕ ДВАЈЦА ПИЛОТИ ОТИ СЕ СТЕПАЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ

    „ЕР ФРАНС“ СУСПЕНДИРАШЕ ДВАЈЦА ПИЛОТИ ОТИ СЕ СТЕПАЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТФранцуската авиокомпанија кажа дека инцидентот не влијаел врз летот (Фото: АП)

    Двајца пилоти на „Ер Франс“ се суспендирани оти се степале во кокпитот за време на летот Женева-Париз во јуни. Француската авиокомпанија кажа дека инцидентот не влијаел врз летот, а авионот безбедно слетал.

    Швајцарскиот весник „Ла Трибун“ објави дека пилотот и копилотот почнале расправија набргу по полетувањето, по што се степале. Тие биле смирени од екипажот, по што еден негов член останал во кокпитот во остатокот од летот.

    Веста за тепачката се појави откако француската агенција за истражување на воздушниот сообраќај БЕА објави извештај во кој стои дека некои пилоти на „Ер Франс“ не се доволно строги во почитувањето на процедурите при безбедносни инциденти. Меѓу другото, во извештајот се наведени неколку инциденти кога имало истекување на горивото за време на лет, а пилотите не реагирале соодветно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира