ЕУРОЛИНК СО СТАНБЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА 1 ДЕНАР ДНЕВНО ВО ПРВАТА ГОДИНА И ПОДАРОК ЗА КЛИЕНТИТЕ

    ЕУРОЛИНК СО СТАНБЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА 1 ДЕНАР ДНЕВНО ВО ПРВАТА ГОДИНА И ПОДАРОК ЗА КЛИЕНТИТЕ

    Сите нови и постоечки клиенти на Еуролинк осигирување кои до 30 септември ќе потпишат тригодишен договор за лојалност за Доми Комплет на Еуролинк, покрај привилегираната цена од 365 денари годишно за првата година на станбеното осигурување, добиваат и подарок, соопшти компанијата, која го одбележува 15-годишниот јубилеј.

    Со склучување договор за лојалност на три години со Еуролинк, Доми комплетот во првата година на осигурување чини 365 денари или 1 денар на ден, а втора и третата година на осигурување чинат по 2.400 денари годишно или 200 денари месечно, за стан или куќа до 150 метри квадратни.

    Доми комплетот е најпродаваниот производ на оваа осигурителна компанија, со кој клиентите добиваат осигурување на домот и покуќнината, осигурување на сите членови на домаќинството, и тоа од широк опсег на ризици како пожар, удар на гром, експлозија, провална кражба, излевање вода од инсталации, гром, луња и град, експлозија и многу други, а со оваа осигурителна полиса се покриваат и трошоците за нужно сместување.

    Дополнително, овој продукт бесплатно нуди покритија кои се единствени на македонскиот осигурителен пазар, како осигурување од земјотрес, кршење од стакло, трошоци за нови документи и клучеви, незгода за целото семејство, домашни миленици и патничко осигурување.

    Сите нови клиенти и оние кои ќе ги обноват своите Доми Комплет полиси по наведените услови до 30 септември оваа година добиваат и подарок – вредносна петрол-картичка од 500 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира