ЕВРОВИЗИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ДОБИЕ АМЕРИКАНСКА ВЕРЗИЈА

    ЕВРОВИЗИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ДОБИЕ АМЕРИКАНСКА ВЕРЗИЈАХоландија победи на Евровизија во 2019 со песната „Аркада“ на Данкан Лоренс (Фото: АП)

    Евровизија ќе добие американска верзија следната година, најавија организаторите на Европскиот избор за најдобра песна. Педесет земји ќе се натпреваруваат на Американскиот избор на песна, а засега не е објавено кој сервис или платформа ќе го емитува преносот.

    Организатoрите најавија дека американскиот избор ќе се одржи во втората половина на 2021, неколку месеци после европскиот. Евровизија се одржува повеќе од шест децении.

    Учесниците ќе ги бира американско жири, составено од професионалци во музичката индустрија како и претставници од регионалните телевизиски куќи. Ќе може да учествуваат соло музичари, дуети или групи со најмногу чест членови.

    Поради пандемијата со коронавирусот, 65. издание на Евровизија годинава не се одржа во Ротердам. Холандија победи во 2019 со песната „Аркада“ на Данкан Лоренс, а таа година Македонија го имаше највисокиот пласман на Евровизија, со седмото место на Тамара Тодевска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира