ФАРМЕРКИТЕ „ЛЕВИС“ СЛАВАТ 150 ГОДИНИ

    ФАРМЕРКИТЕ „ЛЕВИС“ СЛАВАТ 150 ГОДИНИЏејкоб Дејвис и Ливај Страус го патентираа производот, сини фармерки со нитни,  во САД на 20 мај 1873. (Фото: Гети)

    Ги има тесни, широки, ѕвонарки, искинати, со висок, низок струк – сините тексас фармерки, познати како „левис“, годинава слават 150 години.

    Приказната оди наназад пред век и половина, до Џејкоб Дејвис, латвиско-еврејски имигрант кој работел како кројач во „Рено, Нев.“. Имал муштерија чии работни панталони постојано се кинеле. За да го реши проблемот, тој додал метални нитни на точките каде се спојуваат рабовите, за да ги направи поцврсти.

    Според историчарката Лин Дауни, нитните биле само дел од она што ги направило панталоните доволно издржливи за да издржат цел ден работа.

    „Тексасот беше многу стара ткаенина која потекнуваше од Европа, прво се појави во Франција. Беше најтешката ткаенина која можеше да се најде во близина. Mажите со децении носеа тексас панталони без нитни како работна облека“, изјави Дауни за „НПР“ во 2013 .

    Ова парче облека брзо почнало да станува популарно, Дејвис сакал масовно да почне да го произведува, но му требал деловен партнер. Така, тој се здружил со трговец од Сан Франциско, Ливај Страус. Тие го патентираа производот, сини фармерки со нитни,  во САД на 20 мај 1873.

    Оттогаш, сините тексас фармерки станаа главно парче во западната мода, а до ден денес се носат низ цел свет.

    Џинсот првично бил наменет за каубои и рудари, но по Втората светска војна стана особено популарен меѓу тинејџери и разни субкултури, особено хипици. До 70-ите години, тој веќе беше општа мода во САД, а во европските комунистички земји, особено во Советски Сојуз, симболична врска со Западот.

    Според фирмата „Рисирч енд маркетс“, на светско ниво, пазар на фармерки ќе достигне 95 милијарди долари до 2030 година.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира