ФЕЈСБУК Е НЕМОЌЕН ДА СЕ СПРАВИ СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ И ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МАКЕДОНИЈА

    ФЕЈСБУК Е НЕМОЌЕН ДА СЕ СПРАВИ СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ И ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МАКЕДОНИЈАЛажната вест дека американски фудбалер пали знаме и по една недела на големо се шири на Фејсбук (Фото: Си-Ен-Ен)

    Минатата недела, на социјалните мрежи се прошири вест дека фудбалер запалил американско знаме во соблекувалната на тимот, па иако, во меѓувреме, беше докажано дека ова е лага, за неа и натаму се зборува и коментира на Фејсбук.

    Оваа вест беше базирана врз фотошопирана фотографија од која, наводно, се гледа како играчот на Сиетл сихокс, Мајкл Бенет, пали знаме, додека неговите соиграчи и тренерот Пит Керол воодушевено го поддржуваат. Таа се појави набргу откако претседателот Доналд Трамп побара од тимовите да ги отпуштат сите играчи кои клекнуваат при интонирањето на химната пред натпреварите.

    И откако беше докажано дека е лажна, Фејсбук не успеа да го спречи нејзиното ширење. Една недела подоцна, таа е споделена повеќе од 200.000 пати, според податоците на Фејсбук.

    Кога Си-Ен-Ен се обиде да добие одговор од Фејсбук зошто е тоа така, оттаму им посочија други медиуми, кои редовно шират лажни вести.

    Еден од нив е „Ју-Ес-Еј њуз“, кој има речиси 100.000 следбеници и пренесува информации исклучиво од еден сајт, што е регистриран во македонскиот град Велес.

    Велес се прослави за време на претседателската трка во САД и некои медиуми потоа директно го обвинија дека му помогнал на Доналд Трамп да влезе во Белата куќа. Во последните недели од кампањата, во Велес биле регистрирани над 100 сајтови за продукција на лажни вести, главно, во полза на Трамп.

    „Гајле ми е што вестите се лажни, затоа што луѓето ги читаат. На овој начин, на 22 години заработувам повеќе од она што некои ќе го заработат за цел живот во Македонија“, појасни тогаш еден од велешаните за Си-Ен-Ен.

    Минатата година, Фејсбук отпушти цел тим од луѓе и почна да користи алгоритам, кој ја прави листата на најпопуларни вести и проценува дали некоја вест е дезоинформација. Ова засега се покажува како недоволно ефективно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира