ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ СЕ СООЧИЈА СО СЕРИОЗЕН ПАД НА МРЕЖАТА

    ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ СЕ СООЧИЈА СО СЕРИОЗЕН ПАД НА МРЕЖАТАСо проблемот најтешко се погодени Европа и источниот брег на САД

    Фејсбук и Инстаграм денеска се соочија со сериозен пад на мрежата и голем број корисници не беа во можност да ги отворат своите профили.

    Фејсбук месинџер падна низ целиот свет вчеравечер и притоа најтешко беа погодени европските корисници.

    Сајтот „Даун детектор“ покажа сериозни проблеми за двете мрежи, што особено било забележливо во Европа и на источниот брег на САД. Не е познато дали падот на двете мрежи е поврзан, иако тие се дел од иста компанија.

    Корисници на Фејсбук на почетната страница наидоа на порака дека „сервисот е недостапен“, додека профили на Инстаграм не се отвораа, иако се чинеше дека сè е во ред со апликацијата.

    Падовите на Фејсбук и Инстаграм ретко се случуваат, но тоа секогаш има моментално и значително влијание врз милиони луѓе низ целиот свет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира