ФЕЈСБУК ТОЛЕРИРА СТРАНИЦИ НА НЕОНАЦИСТИЧКИ ГРУПИ БИДЕЈЌИ НЕ ГИ ПРЕКРШУВААТ НЕГОВИТЕ СТАНДАРДИ

    ФЕЈСБУК ТОЛЕРИРА СТРАНИЦИ НА НЕОНАЦИСТИЧКИ ГРУПИ БИДЕЈЌИ НЕ ГИ ПРЕКРШУВААТ НЕГОВИТЕ СТАНДАРДИФејсбук е полн со страници кои промовираат неонацистичка идеологија и бел расизам, на кои постојано им се зголемува бројот на фанови

    Фејсбук дозволува неонацистички групи да останат на мрежата, бидејќи било утврдено дека тие не ги прекршуваат стандардите на заедницата. Иако страниците на меѓународни расистички организации како „Комбат 18“ и „Мизантропик дивижн“ биле пријавувани, Фејсбук одбивал да ги тргне и ги советувал своите корисници едноставно да не ги следат тие страници, ако ги сметаат за „навредливи“.

    Според извештајот на проектот „Каунтер екстремизм“ (ЦЕП), Фејсбук исто реагирал и за една американска расистичка група и за Британското неонацистичко движење.

    Комбат 18“, која има фракции во десетици држави, вклучувајќи ги и Грција и Австралија, беше осомничена за убиства на имигранти и на припадници на етнички малцинства.

    ЦЕП следеше 40 Фејсбук страници на десничарски екстремистички групи и било утврдено дека 22 од нив промовираат неонацистичка идеологија и бел расизам. Во меѓувреме, само пет од нив снемало од непознати причини, а на останатите 35 дури им се зголемил бројот на фановите.

    Фејсбук и останатите платформи им дозволуваат на ваквите групи да ја шират својата мрежа низ цел свет. Фејсбук има 2,3 милијарди корисници и сè додека не видиме сериозен притисок од јавноста против десничарскиот екстремизам, нема да има значителен напредок на ова поле“, вели Ханс-Јакоб Шиндлер, извршен директор на „Каунтер екстремизм“.

    Иако Фејсбук и другите мрежи успешно се имаат справено со пропагандата на Исламска држава и на други исламистички групи, истото не се случува и со десничарскиот екстремизам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира