Француската пошта пушти во оптек речиси 600.000 поштенски марки во чест на славниот француски леб багет. На марката, која чини 1,96 евра, е прикажан багет украсен со црвена, бела и сина лента и ако се изгребе се чувствува „пекарски мирис“.
Мастилото што се користи на печатите содржи микрокапсули кои го обезбедуваат мирисот.
Францускиот багет доби статус на заштитено наследство на УНЕСКО во 2022.
„Багетот е лебот на нашиот секојдневен живот, симболот на нашата гастрономија, скапоцен камен на нашата култура“, се вели во соопштението на Поштата.