ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА СЕ БОРИ ДА СПРЕЧИ ПАНИКА ПОРАДИ НАЕЗДАТА НА СТЕНИЦИ

    ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА СЕ БОРИ ДА СПРЕЧИ ПАНИКА ПОРАДИ НАЕЗДАТА НА СТЕНИЦИСдно училиште во Париз стана последната зграда погодена од наездата на стеници. (Фото: Твитер)

    Француската влада напорно работи за да ја спречи националната паника поради стеници, бидејќи едно училиште во Париз стана последната зграда погодена од наездата. Високи претставници од министерствата за здравство, економија и транспорт се состанаа денеска во кабинетот на премиерот за да го координираат планот за акција против инсектите.

    Од нив се очекува да ги забрзаат предлозите за национален мониторинг за стеници. Нивната цел е да се воспостави точна слика за феноменот.

    Ентомолозите и здравствените експерти предупредија дека иако има несомнен пораст на популацијата на стеници – и не само во Франција – многу неодамнешни јавувања се лажни и постои ризик од неоправдана хистерија.

    Николас Ру де Безо креаторот на веб-страницата за контрола на штетници badbugs.fr, вели дека во три од четири повици што ги добива од загрижени сопственици на куќи, се покажало дека проблемите не биле предизвикани од стеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира