ФРАНЦУСКИ АКРОБАТ ЈА ПОМИНА РЕКАТА СЕНА ОДЕЈЌИ ПО ЈАЖЕ НА 70 МЕТРИ ВИСОЧИНА

    ФРАНЦУСКИ АКРОБАТ ЈА ПОМИНА РЕКАТА СЕНА ОДЕЈЌИ ПО ЈАЖЕ НА 70 МЕТРИ ВИСОЧИНАНатан Полен тргна од Ајфелова кула (Фото: Гети)

    Францускиот акробат Натан Полен ја помина реката Сена во Париз, движејќи се бос по јаже на височина од 70 метри. Дваесет и седумгодишниот Полен ја комплетираше 600 метри долгата прошетка за половина час, бодрен од голем број луѓе.

    На адреналинската прошетка од Ајфелова кула до театарот „Шејо“ на другата страна на реката, Полен направи неколку паузи, седејќи или лежејќи на јажето.

    Прошетката траеше половина час (Фото: Шатерсток)

    „Не беше лесно да се оди 600 метри, зашто морав постојано да бидам сконцентриран поради сè наоколу и притисокот. Сепак, беше многу убаво“, изјави Полен.

    Тој вели дека четири години тренирал за овој потфат. Во 2019 година, тој одеше 510 метри меѓу два облакодера во париската деловна област Дефанс, при што се наоѓаше на височина од 150 метри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира