ГАЛЕРИЈАТА УФИЦИ ОД ФИРЕНЦА БАРА ВРАЌАЊЕ НА СЛИКА УКРАДЕНА ОД НАЦИСТИТЕ

    ГАЛЕРИЈАТА УФИЦИ ОД ФИРЕНЦА БАРА ВРАЌАЊЕ НА СЛИКА УКРАДЕНА ОД НАЦИСТИТЕВо галеријата сега се наоѓа црно-бела копија од сликата „Вазна со цвеќиња“ (Фото: АФП)

    Галеријата Уфици од Фиренца побара враќање на слика украдена од нацистите, која сега се наоѓа во сопственост на семејство од Германија.

    Директорот на галеријата Ајке Шмит изјави дека германската влада има морална обврска да помогне да се врати делото „Вазна со цвеќиња“. Сликата на холандскиот уметник Јан ван Хаусум првпат била изложена во Фиренца во 1824 година и била однесена од нацистичките трупи при нивното повлекување во 1943 година.

    Уфици одбива да плати откуп за сликата, што го побара неименуваното германско семејство, додека Германија вели дека нема надлежност да се меша во криминални дела сторени пред 30 и повеќе години.

    „Токму поради вакви работи, раните од нацистичкиот терор од Втората светска војна сѐ уште не се зацелени“, изјави Шмит.

    За судбината на сликата се дозна дури во 1991 година, но сите обиди за нејзино враќање биле неуспешни.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира