Секоја година, 500.000 тони пластика завршува во океаните, вели Европската комисија и симбол на овој вид загадување станаа пластичните цевчиња.
Владите и бизнисмените низ светот сега преземаат радикални мерки против нив и една германска компанија дојде на идеја да направи цевки што можат да се јадат, користејќи јаболково масло, цврст отпад што останува од производството на јаболков сок.
„Само во Германија правиме 60.000 тони од него. Тоа е огромно количество неискористен потенцијал“, вели Константин Нојман, 21-годишник, кој лани со двајца пријатели ја основа компанијата „Вајзфуд“.
Таа оттогаш го рекламира она што го нарекува првите цевки на светот што можат да се јадат, наречени „итепл“.
Нојман дошол на оваа идеја додека студирал прехранбени науки на универзитетот Хохенхајм во Штутгарт.
Цевките, кои изгледаат како големи парчиња макарони, се безглутенски и се направени од јаболкови пулпи и влакна. Тие содржат многу влакна и ни малку масти, па се идеални грицки за спортисти, вели Нојман, кој почнал да го развива производот во 2015 година.
Користејќи апарат за правење шпагети, тие во прв момент произведувале 30 до 40 цевки на ден, а откако го усовршиле методот, зголемиле на 10.000. Сега планираат да го преселат производството во фабриката за шпагети во Шпајхинген.
„Во алкохолни пијалоци, нашите цевки омекнуваат за 45 минути, а во сокови за 20. Сега работиме на усовршување на рецептот, за да можат да траат два-три часа“, вели Нојман.