ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ ЛОГОПЕДСКА ОПРЕМА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ ЛОГОПЕДСКА ОПРЕМА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТГерманскиот амбасадор Томас Герберих и директорот на Заводот Фатмир Ејупи во логопедскиот кабинет кој е опремен со работна маса со огледало, логофон/вибрафон со логопедски сонди и разни дидактички материјали. (Фото: К. Попов)

    Заводот за рехабилитација на деца и младинци со умерена и тешка попреченост во Чаир доби опрема за логопедскиот кабинет преку донација од Амбасадата на Германија во земјава. Амбасадата ги додели собраните средства од Божиќниот базар. Вредноста на донацијата е 339.639 денари, а опремата се состои од работна маса со огледало, логофон/вибрафон со логопедски сонди и разни дидактички материјали.

    „Традиционално, на крајот од секоја година организираме Божиќен базар во дворот на амбасадата. Се продаваат различни производи, и од тие средства помагаме на луѓе кои имаат потреба. Знаеме дека ова е мала поддршка, малку допринесовме, но секако знаеме дека положбата и ситуацијата на лицата со посебни потреби во Северна Македонија е малку потешка и се надеваме дека со овој наш мал придонес направивме едно големо дело“, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих.

    Во дневениот престој на Заводот има 42 штитници, а  27 -мина се на 24-часовно згрижување. (Фото: К. Попов)

    Директорот на Заводот Фатмир Ејупи рече дека досега немале логопедски кабинет иако, како што вели, им е најнеопходен, дека апаратите ќе ги користат сите штитеници, како и дека ќе направат напори да може слободно да ги користат и оние кои не се згрижени таму.

    „Во дневен престој имаме 42 штитеници, а во однос на 24-часовно згрижување 27 лица. Возраста е различна, треба да згрижуваме до 26 години, но имаме и повозрасни поради општите услови во државата“, кажа директорот Ејупи.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари